Физичко присуство само на дел од подрачните и централни училишта во Старо Нагоричане
Владата ги одобри согласностите за организирање настава со физичко присуство што ги определи Комисијата за барања поднесени од 2 до 14 септември во основните и средните училишта, меѓу нив и за основни училишта во општина Старо Нагоричане.
Во Општина Старо Нагоричане, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а во подрачното училиште во село Челопек и во подрачното во село Пелинце се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на двата ученика од четврто одделение, додека во подрачното во село Арбанашко ќе се организира настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение.
Во оваа општина, во ООУ „Христијан Карпош“ во село Младо Нагоричане – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, исто како и во подрачното училиште во село Облавце.
Во подрачното училиште во село Ѓорговци настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение, а во ООУ „Светозар Марковиќ“, во подрачното училиште во село Алгуња, и во подрачното училиште во село Никуљане за учениците од четврто и петто одделение.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница