Loading Video...
Спорт плус
16. јуни 2019 - 15:47

Фјури со нокаут го совлада Германецот, Шварц

По само две рунди Тајсон Фјури со технички нокаут го победи Германецот, Том Шварц.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Фјури, уште една потврди дека во моментов е еден од најатрактивните и најдобри боксери во тешка категорија. 

Фјури во втората рунда демонстрираше врвен бокс, па откако ги избегна обидите на противникот, со серија удари го принуди Германецот, да потклекне. Но, тука Фјури не застана, па веднаш по нокдаунот, со втората серија едноставно го пронуди судијата да ја прекине борбата. 

За Фјури ова беше 28-ма победа во кариерата во која има само уште едно реми, додека Шварц по низата од 24 победи го претрпе првиот пораз. 

Фјури по мечот одржан во Лас Вегас, најави нова борба веќе во септември, а како еден од можните противници се споменува името на Деонтај Вајлдер.