Фудбал
16. April 2021 - 11:40

Фонсека: Не знам дали ќе ја тренирам Рома следната сезона

 Пауло Фонсека не знае дали во следната сезона повторно ќе ја предводи Рома. Римскиот клуб синоќа одигра 1:1 со Ајакс и со вкупни3:2 се пласира во полуфиналето на Лига Европа.

– Мислам дека игравме добро во одбраната. Имавме помалку проблеми отколку во Амстердам. Ајакс игра многу добро, особено во нападот. Никогаш порано не сум се пласирал во полуфиналето, затоа сум многу горд на тоа. Ова е гордост за Рома, сите сме многу среќни. Се обидовме да дејствуваме прагматично. Знаевме дека имаме предност по првиот натпревар и дадовме се од себе да ја сочуваме оваа предност. Да се ​​дојде до полуфиналето не менува ништо. Не знам дали ќе бидам тренер на Рома следната сезона. Сопствениците на клубот отсекогаш биле многу блиски до сите нас и ние го чувствуваме нивното присуство, изјави Фонсека за „Скај Спорт Италија“.

Во полуфиналето од Лигата на Европа, Рома ќе игра со Манчестер јунајтед на 29 април и на 6 мај.