Македонија
28. October 2019 - 12:40

Формиран нов дипломатски синдикат при КСС

Промена на систематизацијата во МНР е првото барање на новиот Македонскиот дипломатски синдикат. Формиран е пред само три недели, а неговиот претседател, Зоран Добиќ вели дека целта е да се влијае во донесувањето на одлуки во Министерството.

Вели дека систематизацијата во Надворешни отвора можност за деградирање на колегите. Во моментот унапредување се добива само по желба на работодавачот. Според Добиќ, за жал се уште е видливо партиското влијание при изборот на амбасадори, но посочува дека постојат случаи кога се бираат кадри и по стручност, но и по партиска линија.

Во однос на распределбата на амбасадори, државата треба да биде повнимателна бидејќи во последната година во НАТО нема амбасадор иако периодот беше клучен за Македонија.

Досега на Синдикатот се приклучиле 90-тина членови, а очекуваат средба со министерот Димитров во скоро време.

 

Даниел Василев