Македонија
13. November 2019 - 8:35

Форум „Граѓаните – учесници во локалните политики“

Во организација на Цивика мобилитас денеска во СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе ќе се одржи форумот „Граѓаните – учесници во локалните политики“.

На настанот ќе се дискутира за регионалните примери на соработка на локалните самоуправи со граѓанските организации и за учество во политиките на локално ниво од страна на граѓаните.

– Дискусијата ќе се однесува на регионалните примери на соработка на локалните самоуправи со граѓанските организации и за учеството во политиките на локално ниво од страна на граѓаните. На форумот ќе бидат презентирани примери на соработка и поддршка за прашања како: родово сензитивно буџетирање, младински политики и политики за поддршка на лицата со хендикеп, како и идните перспективи за вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во процесите на донесување одлуки, информираат од Цивика мобилитас.

Според организаторите предвидено е да дискутираат Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе, Ели Чакар, советник во Министерството за локална самоуправа, Ѓунер Небиу од Женска граѓанска иницијатива Антико, Бранкица Димитровска од Хендикеп плус, како и Драгана Митровиќ од Медиа плус.