Живот
21. February 2019 - 10:32

ФОТО: „Српската премиерка стана татко“ - Џамбазов со урнебесен коментар

Вчера од кабинетот на српската премиерка Ана Брнабиќ соопштија дека нејзината партнерка, убавата докторка Ѓурѓевиќ се породила, дека на свет донела машко дете и дека породувањето поминало во најдобар ред. Оттаму велат дека детето ќе се вика Игор.
 
Нашиот шоумен Игор Џамбазов, не додржа и оваа вест ја искоментира на свој начин.
 
-Денес во Белград се породи Милица Ѓурѓиќ, партнерката на Ана Брнабиќ. И официјално, српската премиерка стана татко - напиша Игор во опис на фотографијата од премиерката и нејзината партнерка.