Живот
20. July 2015 - 18:54

Фотографија што го обиколи светот: Полицаец црнец му помага на член на Кју Клукс Клан

Омразата, расизмот и другите примитивни форми на човековото однесување во саботата беа манифестирани во Јужна Каролина на уште еден собир на расистичката десничарска група Кју Клукус Клан.

Но, по иронија на судбината, овој собир на белите расисти, на нивна голема жалост, ќе остане запсметен по нешто што нема никаква врска со омразата, туку спротивното.

Имено, фотографот Роб Годфреј на својот налог на Твитер објави фотографија која најверојатно на најдобар начин ја отсликува победата на хуманоста над еден од најголемите и најпогубните дефекти на нашето општество - расизмот.

На фотографијата е регистриран момент во кој полицаецот црнец Лери Смит му помага на еден член на Кју Клукс Клан на кого му се слошо поради големите жештини.

Смит, како што објави „Јаку Њуз“, е полицаец веќе 25 години, а во моментов е директор на Одделот за јавна безбедност во Јужна Каролина.