Македонија
22. September 2019 - 16:45

Французи собрале дваесетина автомобилски гуми од Охридското Езеро

Во периодот кога Охрид се обидува да го зачува сатусот под закрилата на Унеско ,езерото секојдневно се загадува.И додека едни го уништуваат други постојано од дното на езерото вадат најразличен отпад.

Мијалник, када, бојлер, делови од правосмукалка, машина за перење, казанче за купатило се само дел од предметите кои беа извадени од езерото.

Познатиот француски експерт за води Марк Морели вљубеник во  Охридското Езеро  при секое негово доаѓање организира еколошки акции за почиста животна средина ,тој заедно со неговите пријатели деновиве од езерото извадија дваесетина гуми од автомобили.

Морели прв пат во Охрид дошол во 2002 година во тоа време бил координатор на проект  „Водите на Балканот“ финансиран од Европската комисија.И покрај тоа што посетил голем број на земји сепак според него охридското езеро е најубаво на светот.

Една  од препораките на Унеско е да се решат проблемите со преголемата урбанизација на брегот.

Најголемиот број на гости го посетуваат градот токму поради езерото како автентично .Експертите апелираат да се подигне еколошката свест кај граѓаните кои немилосно го загадуваат најстарото  езеро во Европа.