Фронтекс ќе распореди уште 50 полицајци на бугарско-српската граница
Европската агенција за контрола на надворешните граници Фронтекс во следниот период долж границата меѓу Бугарија и Србија ќе распореди уште 50 полицајци, како помош на локалните безбедносни сили во спречување на приливот на илегални мигранти, јави Танјуг.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Србија, изјави дека целта на ваквата засилена контрола на границата е да се спречи приливот на илегални имигранти преку српска територија кон западноевропските земји.
Стефановиќ нагласи дека српската полиција досега спречила околу 23 илјади лица во илегален премин на нејзините граници и дека поднела над две илјади кривични пријави за шверцување на луѓе.
Тој потенцира дека најголем дел од организаторите на шверцот на мигранти не се наоѓаат на територијата на Србија, па затоа Белград соработува со ЕУ во нивно откривање и идентификација.
Според податоците на српското Минстерство за внатрешни работи, во приватните центри на територијата на Србија во моментов престојуваат околу 7.000 мигранти, а во периодот од јануари до октомври годинава во земјата биле регистрирани речиси 108.000 мигранти.
Стефановиќ нагласи дека најголем број од мигрантите што во моментов се наоѓаат во прифатните центри во Србија и кои поднеле барање за азил, всушност не планираат да останат во земјата, туку само сакаат да го легализираат својот статус.
Според Стефановиќ, по склучувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција бројот на илегални емигранти кои пристигнуваат во Србија е значително намален, но дека во исто време смален е и бројот на лицата со мигрантски статус, кои ја напуштаат земјата затоа што Унгарија преку двата премини на границата со Србија дневно пропушта само по 30 бегалци.
Ново на Сител
-
Во Прилеп приведено лице барано со потерница
-
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу дожд во Дебар
-
На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе
-
Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
-
Израелската војска соопшти дека извршила „десетици“ нови напади против Хезболах во Либан
-
Парламентарни избори во Австрија
-
Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати, училиштата се затворени
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено