Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ
Поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата.
– Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.
Образложувајќи ја ова кандидатура таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.
Воедно, Ременски посочи дека денешниот ден има и симболика во нејзината кандидатура, бидејќи ја поднесува во време на 16-дневниот женски активизам против насилството врз жените.
– Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на фунција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократките да ја поддржат мојата кандитура, изјави Ременски.
Коментирајќи ја кандидатурата на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ, таа рече дека е разбирливо Ковачевски како член на Владата да ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи, туку борба на умови.
– Секој кандидат кој влегува во натпревар за претседател на партијата се надева на победа. Сметам дека ќе добијам поддршка и дека ќе постигнам солиден резултат, изјави Ременски и додаде дека нејзината визија за СДСМ во следните пет години е победник во сите процеси пред кои што е исправен.
Ново на Сител
-
Под велешка „Агриа“ од патот излета автомобил, повредено 19 годишно момче
-
ЛШ: Ливерпул и Реал во битка за пехарот на УЕФА
-
Силно невреме во делови на земјата, ЦУК со предупредување до граѓаните
-
Приведен дилер од Куманово, одземени кокаин, марихуана и околу 50.000 денари
-
Во Враништа до електричен ормар пронајдено е починато лице
-
Денис Шмихал: Во Украина во моментот не функционира околу 25 отсто од економијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Хаваријата која се случи во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ
-
Во стампедо пред црква во Нигерија загинаа 31 лице