Бизнис
6. August 2020 - 11:57

„Фруктал Мак“ со раст на приходите и пад на профитот

Производителот на сокови „Фруктал Мак“ во првите шест месеци од годинава оствари раст на приходите на годишно ниво за два отсто на 12,5 милиони денари, но во исто време забележа и пад на профитот на 4,9 милиони денари во споредба со заработката од 12,5 милиони денари остварена во првото ланско полугодие.

Според податоците за деловното работење, домашната продажба бележи раст во првата половина од годината за еден процент на 104,7 милиони денари, а од продажба во странство компанијата заработила 90,6 милиони денари, што исто така претставува зголемување на годишно ниво од еден отсто.

Оперативните трошоци на „Фруктал Мак“ во посочениот период пораснале за 13 отсто на 209,5 милиони денари, а материјалните трошоци се зголемиле за 8,7 проценти на годишно ниво на 123,8 милиони долари.