Живот
26. November 2016 - 12:36

Фудбалер си ја убил девојката додека спиела, па објавил на Твитер: „Те сакам Ема, прерано е да бидам со тебе!“

Студентот на колеџот во Меривил Тенеси, кој е обвинет дека по раскинувањето ја убил својата тогашна девојка, на Твитер пратил емотивна порака во која опишал колку му значела жртвата.
Вилијам Рајли Гол (18) во средата бил обвинет за убиство, откако 16-годишната Ема Вокер била пронајдена мртва во својот дом во Ноксвил.

Фудбалерот на школскиот тим пукал во навивачката во понеделникот наутро додека спиела, а според зборовите на тетката на жртвата, Џени Велдон, не можел да се помири со фактот дека повеќе не се заедно.

Пред да матурира Гол оваа година, двајцата оделе во истото училиште.

Непосредно пред да биде уапсен во вторникот навечер, Гол на Твитер изразил длабока љубов кон жртвата и се потсетил на заедничките разговори за планирањето на заедничката иднина.

“Помислив дека ниеден заеднички спомен, ниеден важен момент кој го споделивме, повеќе нема да можеме да го оживееме…Те сакам Ема Џејн Вокер”, напишал Гол