Функционер од Индија испразнил брана за да го најде мобилниот телефон
Владин службеник во Индија испразнил брана за да го најде телефонот што му паднал додека правел селфи.
Потребни биле три дена за испумпување на милиони литри вода од браната. Кога бил пронајден, телефонот не работел затоа што се наполнил со вода. Инспекторот за храна Раџеш Вишвас тврдел дека во телефонот има чувствителни владини податоци и затоа требало да се најде. Владиниот службеник е суспенцдиран и обвинет за злоупотреба на службена должност.
Вишвас изјавил дека телефонот од марката „самсунг“, вреден околу 1.200 долари, му паднал во браната Керката, во централната индиска држава Чатисгар, во неделата.
Пумпата за испумпување вода работела неколку дена, празнејќи околу два милиона литри вода. Наводно тоа е доволно за наводнување на 6 квадратни километри (600 хектари) обработливо земјиште. Работата е прекината кога по добиена жалба пристигнал друг службеник од секторот за водни ресурси. Тој истакнал дека водата е суштински ресурс и не може да се троши на овој начин, па службеникот е суспендиран до истрагата. Вишвас негира дека ја злоупотребил својата позиција. Тој објасни дека водата што ја исцедил е од преливниот дел на браната и не е во употреблива состојба.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка