ФЗОМ досега контактирал со 37.814 хронично болни
Фондот за здравствено осигурување контактирал со 37.814 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања во рамки на проектот „Фондот се грижи за хроничните болни“.
Од Фондот денеска информираат дека од 1 октомври 2015 година до денес наидуваат на позитивен прием кај осигурениците кои ги контактираат.
- Голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил. Сепак, има и осигуреници кои иако знаеле дека се болни, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање соодветна терапија. Во разговорите со осигурениците и укажување од нашите вработени, овие осигуреници се согласиле посовесно да се однесуваат кон своето здравје и да ги слушаат препораките на лекарите, се вели во соопштението од ФЗОМ.
Оттаму истакнуваат дека осигурениците се интересираат и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација, како продолжено болничко лекување и бараат дополнителни информации за лекови на позитивната листа. Осигурениците се интересираат и за користење на новите електронски услуги на Фондот.
Тимовите се составени од вработени од поголемите подрачни служби како што се Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово. Тие се јавуваат на осигурениците за да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават и да ги информираат за комплексноста на заболувањето.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца