Loading Video...
Бизнис
3. May 2021 - 16:33

Галуп: Секој втор човек има намалени приходи поради пандемијата

Секое второ лице во светот со намалени приходи поради пандемијата. А луѓето од посиромашните земји се соочиле со намалување на работните часови и губење на работните места. Ова го покажува истражувањето на Галуп.

Половина или 50 отсто од оние кои биле анкетирани се изјасниле дека добиле помалку пари од  работодавачите во споредба со она што го заработувале пред пандемијата.

На глобално ниво, половина од оние со работа во времето на истражувањето (50%) рекле дека добиле помалку пари од вообичаеното од нивните работодавци заради пандемијата Ковид-19. Ова се претвора во околу 1,6 милијарди возрасни лица, се вели во истражувањето на Галуп.

Од друга страна во 57 земји мнозинството возрасни лица кои имале работа се изјасниле дека привремено престанале да работат. Во оваа група влегуваат земјите со ниски приходи како Индија каде 67 проценти од работниците или над 500 милиони луѓе повеќе не одат на работа. Во оваа категорија од регионот влегуваат само Косово и Албанија. Најмалку работни места пак се изгубени во Австралија, Швајцарија и Германија или во земјите кои се економски појаки. Во САД пак 40 проценти од населението привремено престанале да работат.

- Отпуштањето и затворањето на бизнисите вртоглаво се зголеми бидејќи многу земји тргнаа во блокада за да го конторлираат ширењето на  вирусот, се вели во извештајот.

Иако земјава ја нема на листата каде над 50 проценти од работниците изгубиле ртабата или се со намалени примања сепак граѓаните велат пандемијата остави многумина на улица, а доста од работнците се пратени и на принуден одмор и се со намалени плати.  

Инаку во истражувањто на Галуп учествуваа 300 илјади луѓе од 117 земји.