Балкан
23. February 2016 - 21:24

„Газета експрес“: В петок избор на претседател на Косово

Косовскиот Парламент в петок, на 26 февруари, ќе го избере новиот претседател на државата, се наведува на интернет страницата на „Газета експрес“.

Повикувајќи се на сигурни извори, весникот наведува дека лидерот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи за противкандидат ќе го има Рафет Рама од истата партија, пренесува Танјуг.

Според „Газета експрес“, се очекува Тачи да поденесе оставка на местото шеф на партијата пред почетокот на седницата в петок.