Генералниот директор на МААЕ, Гроси изрази загриженост откако дрон ја погоди зградата на турбината на нуклеарна електрана Запорожје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изрази загриженост откако дрон вчера ја погоди зградата на турбината на најголемата европска нуклеарна електрана Запорожје, при што наводно е пробиен отвор во нејзиниот ѕид, објави агенцијата на социјалната мрежа Икс.
МААЕ соопшти дека за инцидентот била информирана од раководството на централата, која е под руска контрола.
– Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси изразува сериозна загриженост поради пријавениот инцидент, кој ги загрозува и седумте основни столба за обезбедување нуклеарна безбедност за време на конфликт и петте специфични принципи за заштита на нуклеарна електрана Запорожје, соопшти агенцијата.
Овие принципи, нагласуваат тие, јасно наведуваат дека „не смее да има напади од или врз централата“. Според агенцијата, која побарала пристап до засегнатата зграда на турбината за да ја процени штетата од прва рака, ова бил првиот напад со беспилотни летала во периметарот на централата од април 2024 година.
„Да се напаѓаат нуклеарни постројки е исто како да се игра со оган“, рече Гроси.
МААЕ соопшти дека ќе објави дополнителни информации откако нејзиниот тим ќе добие пристап до местото на инцидентот и ќе ги утврди деталите, додавајќи дека нема непосредни извештаи за повредени или штети на нуклеарните системи на електраната.
МИА
Ново на Сител
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
