Спорт плус
29. July 2021 - 10:27

Георгиевски попладнево се враќа во земјата со олимпискиот медал

Олимпиецот Дејан Георгиевски попладнево свечено ќе биде дочекан на скопскиот аеродром, по што вечерва на централниот плоштад со граѓаните заедно ќе го прослават освојувањето на сребрениот медал на Игрите во Токио.

Дочекот на 22-годишниот таеквондист Георгиевски е најавен за 14:00 часот во организација на Агенцијата за млади и спорт, а неговиот успех ќе се означи вечер на скопскиот плоштад во 19:30 часот.

Македонскиот знаменосец на летната Олимпијада се враќа од Токио со сребрен медал во таеквондо во категоријата над 80 килограми.