Свет
25. February 2016 - 8:58

Германија до 2020 година очекува 3,6 милиони бегалци

Германската Влада очекува до 2020 година во Германија да пристигнат 3,6 милиони бегалци или во просек по половина милион секоја година, пишува весникот „Зидојче цајтунг“.

Проценката е направена од Министерството за економија во координација со другите министерства. 

Во Германија минатата година влегоа 1,1 милион бегалци и мигранти.