Македонија
26. May 2020 - 16:35

Германија ги укина препораките за забрана за патување во Европа

Олабавување на рестрикциите,  вракање на туризмот, но и клучното  финасиската помош за справување со последиците од пандемијата беше тема на денешиот видео состанок состанок на министрите за европски прашања на Унијата. ЕК утре ке ја  презентира финансиската рамка за периодот од 2021 до 2027, но и фондот за помош за сузбивање на последиците од корона кризата.

Германија и Франција веке го презентираа својот план за фонд тежок 500 милијарди евра од кој ке се делат бесповратни средства за тешко погодените сектори и региони. Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот ваквата дарежливост ја објасни со економски причини.

Престедателот на европскиот парламент Сасоли побара од сите земји на Унијата да покажат одговороност и да не го кочат процесот, посетувајки дека предлогот на Коимисијата ке се најде и пред европратениците. - Ако се земе предвид дека Германија како држава чија економија е извозно ориентирана и во голема мерка зависи од своите партнери, во наша корист е нашите соседи во ЕУ што е можнопобрзо да се опорвата и застанат на нозе. Затоа солидарноста не е само гест на дарежливост на појаките кон послабите, солидарноста е во интерес на сите.

Франција и Германија во мегувреме се спротивтсавија Австрија, Холандија Данска и Шведска. Тие побараа помошта да биде во форма на евтини зајмови. Нивното мото е дека долговите мора да се вракаат. 

Загрижен сум поради тајмингот, бидејки поради условите во кои преговараме, без личен контакт мегу лидерите, можнои се одложувања. Мораме да имаме силна Европа која ке се се соочи со кризата и глобалните предизвици. Затоа ги повикувам сите да бидат поодговорни.