Свет
22. April 2020 - 12:29

Германија: Одобрено прво тестирање вакцини за Ковид-19 врз луѓе

Германскиот институт „Пол Ерлих“ (ПЕИ) објави денеска дека е одобрен првиот тест за вакцини против коронавирусот врз луѓе.

ПЕИ со седиште во Ланген е водечка институција во Германија за вакцини и за издавање одобрувања.

Првиот човек на ПЕИ, Пол Цихутек на прес-конференција рече дека институтот во борба против Ковиде-19 ја одобрил првата фаза од тестот и дека очекува вакцината да биде готова следната пролет.