Свет
3. August 2020 - 11:01

Германија воведува задолжителни тестови за тие што се враќаат во земјата

 Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека ќе биде воведено задолжително тестирање за сите патници кои се враќаат во Германија од високоризичните области.

– Сакаме добро да се искоординираме со сите германски покраини, кои мораат да воведат задолжително тестирање на аеродромите и железничките станици, посочи Шпан.

Тој додаде дека задолжителното тестирање ќе почне во текот на неделата.