-->
-->
Германската амбасадорка Алтхаузер во посета на Општина Битола
-->

Градоналчалникот на општина Битола Владимир Талески оствари средба со амбасадорката на СР Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.
На средбата главен акцент беше ставен на инвестицијата во индустриската зона „Жабени“ на германскиот гигант „Кромберг и Шуберт“.
- Очекувам оваа инвестиција да продолжи со проширување на капацитетот на „Кромберг и Шуберт“ или изградба на уште еден нов. Ние прифативме да ги исполниме нивните барања и да се направи уште еден пристапен пат до фабриката „Кромберг и Шуберт“, истакна градоначалникот Талески.
На денешната средба се разговарало и за соработка во делот на културната размена.
- Иницијативата на канцеларката Меркел во 2014 година вроди со плод на т.н. Младинска организација за култура на Југоисточна Европа, според француско – германскиот модел. Оваа година во Виена, а наредната 2016 година во Париз ќе се развие идејата овој регион да доживее повторна културна размена која историски ја познава од минатите децении, истакна амбасадорката Алтхаузер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
