Фудбал
26. May 2019 - 11:29

Германскиот куп за Баерн

Доминацијата на Баерн во Германија , Баварците ја потврдија и со триумф во купот. Првата сезона на Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен ја донесе и првата двојна титула за гигантот од Баварија, откако во финалето на ДФБ купот со 3:0 го победија тимот на РБ Лајпциг .

Серијата ја отвори Роберт Левандовски во 29. минута за да им донесе водство на Баерн, а двете одлични шанси на Лајпциг ги „заврши“ фантастичниот Мануел Нојер на голот. Кога притисокот се зголемуваше, Кингсли Коман во 78. минута зголеми на 2:0, за Левандовски да го постигне својот втор гол во 85. минута, кога го лобуваше голманот Петер Гулач.

Мечот беше и збогување на многубројните навивачи на Баерн во Берлин со своите херои Арјен Робен и Франк Рибери кои го одиграа последниот меч за својот клуб.