Балкан
5. February 2020 - 8:27

Гешев: Бугарското обвинителство води војна единствено со криминалот

Ни претстои проверка на потеклото на античките предмети, вклучени во колекцијата на обвинетиот Васил Божков, изјави главниот бугарски обвинитгел Иван Гешев во Брисел, каде е во работна посета и оддржува средби во Европскиот парламент.

Во белгиската престолнина Гешев потврди дека се истражува и организирана криминална група, која е  поврзана со убиства, силувања и изнуди, соопшти Обивнителството.

Тој посочи дека не го видел последниот говор до нацијата на бугарскиот претседател Румен Радев.

-Главниот обнвинител нема лични непријатели, обвинителството нема лични непријатели, единствената војна што обвинителството ја води е војната со криминалот, со луѓето кои го прекршуваат законот, со секој кој не го почитува законот, независно на каква висока државна должност се наоѓа, независно дали е социјално слаб или е криминален авторитет од транзицијата и милијардер, посочи Гешев и подвлече дека обвинителството не се занимава со политички прашања.

„Бугарското обвинителство добро работи со правосудните и истражните органи на нашите евроатлантски партнери, вклучувајќи ги и САД“. На овој начин Гешев одговори на прашањето како ги коментира зборовите на американскиот амбасадор во Бугарија Н.П. Херо Мустафа дека сега претстои САД да му забрани влез во земјата на бугарски државјанин фатен во корупција.

По повод актуелните постапки преземени од обвинителството  во борбата со корупцијата и „суштинскиот криминал“, Гешев забележа дека „тоа е само почеток, очекувајте продолжение!“.

Тој ја подвлече неопходноста од взаемно дејстување меѓу  институциите и дополни: „ Обвинителството си ја заврши работата, сега „топката“ е во бугарските судови. Обвинителството ќе ја брани обвинителската теза дека направило се што не е направено во последните 30-тина години, и дека  планира така да продолжи“.