Македонија
6. October 2022 - 11:45

Гевгеличанец си возел хероин во „застава југо“

Денеска во 06.50 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Ѓ.Ќ. (48) од село Стојаково, гевгелиско, затоа што при преглед кај него и во возилото „застава југо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со херoин.

- Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вела од МВР.