Живот
24. September 2018 - 21:07

Ги оставила сопругот и децата поради 12 годишен малолетник: Завршила во затвор, но аферата сепак добила неочекуван крај

Пред 22 години американската учителката Мери Кеј Летурно ги полнеше весниците со забранетата љубов со еден 12 годишен ученик.

Таа тогаш имала 34 години, а ден денес не го променила мислењето за овој случај пред повеќе од 20 години. Инсистира дека не направила кривчно дело.

Летурно во тоа време била во брак со првиот сопруг, а била мајка на четири деца кога била осудена за силување на момче по име Вило Фаулау, кој во тоа време имал 12 години, а имал 13 кога Летурно му го родила првото дете.

Таа признала вина по две точки од обвинението за силување од втор степен во далечната 1997 година и условно била казнета со седум години затвор.

Покрај се, таа тврди дека тогаш не бил свесна дека прави кривично дело.

Во интервју за „Channel 7“, поранешната учителка во основното училиште во Сиетл, посегнала по истата реченица која ја повторувала ред 20-тина години, со одбраната која ја истакнувала на почетокот на аферата.

-Ќе го кажам она што се повторува цело време. Да сум знаела дека тоа е злосторство, да имав некаква идеја дека мојот чин се сметал како злосторство. Некој да ми кажеше, било кој да ми кажал, кој ме познава каква сум, дека постои посебен закон кој вели дека тоа е казнено дело…

На прашање на новинарот Мет Доран дали верува дека не требала да оди во затвор, одлучно одговрила:

-Апсолутно, верувам во тоа.

После шест месеци поминати во затвор Летурно е помилувана со објаснување дека во тоа не го гледала Фаулау, кој бил само 1,5 години постар од нејзиниот син.

Помалку од месец дена подоцна полицијата ги фатила во сексуален занос во автомобил. Ја вратиле во затвор затоа што ја прекршила условната казна па морала да ја отслужи казната до крај. Тогаш веќе била трудна со второто дете од малолетникот, а се породила во затвор.

Одри, денеска 21 годишна девојка се родила после првото апсење, а 19 годишната Џорџија се родила зад решетки. За девојчињта се грижела мајката Фаулау, додека Летурно не била пуштена затвор.

Мери Кеј и Фило се венчале во 2005 година, а нивниот брак траел се до минатата година, кога тој поднел барање за развод на брак, но подоцна го повлекол. Во разговор за емисијата кажал дека имаат проблеми во бракот.

Признал дека размислувал за тоа да ја остави учителката, но Летурно тврди дека се уште лудо заљубена во својот маж, кој сега има 35 години.

Летурно се најде малку навредена кога водителот ја боцна дека можела да предвиди дека ќе дојде до тоа. Поранешната учителка во текот на емисијата се сврти кон мажот и го праша:

-Кажи ми, кој е главен, кој беше главен кога се ова почна, истакнувајќи дека тој ја завел неа.

Уште порано тврдела дека нејзиниот сопруг Вило бил главен кривец за нивната врска со своето агресивно заведување од самиот почеток.

За прв пат една нивна ќерка излезе во јавноста и проговори за растењето под будното око на љубопитната јавност.

Одри утврдила дека таа и нејзината сестра имале нормално детство.

-Луѓето се изненадуваат кога ќе слушнат, но нас ни беше нормално затоа што се навикнавме на тоа, кажала таа раскажувајќи дека нејзиниот татко и бил пријател, со оглед на тоа дека е само 13 години постар од неа.

Неодамна Одри и Џорџија се отселиле од домот на родителите, а Летурно и Фаулау се уште живеат заедно.

Летурно денес е вработена како правен асистент во истиот суд на кој и се судеше пред 21 година. Се надева дека своите вештини ќе ги искористи како би го избришала своето име од листата на сексуални преступници.