Македонија
13. January 2021 - 20:57

Гир: Реформите во правосудството неопходни за членството во ЕУ

Правосуден систем ослободен од притисоци и политички стеги е основа за приближување на земјата до Европската унија, вели евроамбасадорот Дејвид Гир. Смета дека реформите кои ЕУ делегацијата ги помагала во изминатите две години ќе придонесат за враќање на довербата во правосудните органи.

„Судската реформа во основа е во интерес на граѓаните затоа што се однесува на еднаквоста пред законот, се однесува на правата, на довербата во државните интитуции, како и на влезот на инвестициц во земјата затоа што секој инвеститор сака да знае дека постои клима која е доверлива и предвидлива. Значи тоа е основа на сите аспекти од економскиот, општествениот и политичкиот живот“, изјави Ричард Гир, Амбасадор на ЕУ во Македонија.

Министерот за правда очекува дека реформите реализирани со помош на Европската унија ќе ја подобрат работата на судиите и обвинителите. Маричиќ се надева дека  обвинението против член на Судскиот совет нема да го попречи процесот на прочистување во судството..

„Мислам дека судскиот совет ќе изнајде начин како да се справи со одговорноста на членот на судскиот совет, меѓутоа тоа не може заради еден член да удриме печат на целиот Судски совет дека не би можел да ја изврши работата“, вели Бојан Маричиќ, Министер за правда.

Како поддршка на реформите, Европската унија во соработка со ОБСЕ ќе следи и судски случаи за висока корупција.