Loading Video...
Тенис
12. October 2020 - 16:26

Ѓоковиќ и Барти остануваат лидери на АТП и ВТА ранг листите

По завршувањето на Гренд слемот во Париз, на кој одново триумфираше Рафаел Надал, нема промени од првите четири позиции на АТП ранг листата. Новак Ѓоковиќ останува лидер, но сега со помалку од 2.000 бодови во однос на Надал, а по нив на третото и четвртото место следуваат Доминик Тим и Роџер Федер. 
 
Стефанос Циципас и Димитри Медведев ги заменија местата, па сега Гркот е пети, а русинот шести додека најголем прогрес по Роланд Гарос, имаше Аргентинецот, Диего Шварцман кој направи скок од шест позиции е сега на на осмото место на АТП листата. 
 
Кај дамите на ВТА листата и натаму прва е Ешли Барти пред Симона Халеп и Наоми Осака, додека Американката Софија кенин која беше финалистка на Роланд Гарос од шестото скокна на четвртото место. 
 
Сензационалната победничка во Париз, 19-годишната Ига Сватек од Полска напредуваше дури за 37 позиции, па сега е на 17-тото место на ВТА листата.