Тенис
7. November 2015 - 19:35

Ѓоковиќ и Мареј во финалето на Мастерсот во Париз

Двајцата најдобри тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ќе играат во финалето на Мастерсот во Париз откако постигнаа победи во полуфиналните мечеви. Ѓоковиќ со 2:1 во сетови го победи Стан Вавринка, додека Мареј беше поуспешен од Дадид Ферер со 2:0.
 
Најдобриот тенисер Ѓоковиќ добро го почна полуфиналето и го доби првиот сет со 6:3 во гемови и поведе со 2:0 во вториот сет. Но, потпа следуваа минутите на Вавринка, кој ги доби следните пет гема и поведе со 5:2 и сетот го доби со 6:3. Со тоа ја прекина серијата на Ѓоковиќ од 29 добиени сета. Во решавачкиот сет Ѓоковиќ повторно беше доминантен и сетот го доби без загубен гем со 6:0.
 
Во второто полуфинале Мареј беше поуспешен од Ферер со 6:4 и 6:3 во гемови.
 
Финалето Ѓоковиќ – Мареј утре ќе почне во 15 часот.