Ѓоковиќ купи данска фирма која развива лек против ковид, потег кој може да ја промени сликата во јавноста за тенисерот
Светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од акциите на биотехнолошката компанија QuantBioRes, која го развива лекот за КОВИД, пишува Ројтерс, цитирајќи го извршниот директор на компанијата Иван Лонкаревиќ.
QuantBioRes развива пептид за спречување на инфекција со коронавирус, а клиничките испитувања се очекува да започнат за неколку месеци.
Големината на инвестицијата не е јасна, но познато е дека Ѓоковиќ купил акции во компанијата во летото 2020 година.
Веста доаѓа неколку дена откако српскиот тенисер беше депортиран од Австралија бидејќи не бил вакциниран. На Ѓоковиќ му беше дозволено да учествува на Австралија опен со медицински исклучоци, но властите не ги прифатија неговите објаснувања, му ја укинаа визата и го сместија во хотел за мигранти.
Неговите адвокати подоцна поднесоа жалба, а Ѓоковиќ беше ослободен по судското рочиште. Сепак, останува можноста повторно да му биде укината визата и тој да биде депортиран.
По неколкудневно размислување, министерот Хок конечно донесе одлука и сам му ја поништи визата на Србинот. Ѓоковиќ поднел жалба до сојузниот суд, но овој пат не успеал и бил депортиран. Одлуката на австралиските власти значи дека на Србинот му е забранет влез во земјата во траење од 3 години.
Скандалот стана водечка вест ширум светот! Ѓоковиќ е лидер на АТП-листата со 20 грен слем титули, 9 триумфи на Австралија опен, 6 на Вимблдон, три на УС Опен и два на Ролан Гарос. Неговото одбивање да се вакцинира ја доведува во прашање неговата кариера, бидејќи до крајот на сезоната нема да смее да игра на ниту еден од големите турнири.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка