Тенис
20. March 2016 - 9:31

Ѓоковиќ поуспешен од Надал во полуфиналето на на Индијан Велс

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на Мастерсот 1000 Индијан Велс откако синоќа Рафаел Надал со 7:6 (7:2) и 6:2 во сетови. Тој во финалето ќе игра против Милош Раониќ од Канада кој со 2:1 во сетови (6:3; 3:6 и 6:3) го победи Давид Гофин.

Ѓоковиќ со триумфот над Надал поведе во меѓусебните дуели со 25:23. Ѓоковиќ со пласманот во финалето ќе ја брани титулата освоена во Индијан Велс.
Пред машкото финале ќе се одигра женското меѓу Серена Вилијамс и Викторија Азаренка.