Тенис
3. November 2018 - 22:01

Ѓоковиќ преку Федерер до финалето во Париз

По нешто повеќе од три часа игра, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер (Швајцарија) и се пласира во финалето на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ вечерва до триумфот стигна по неизвесен меч каде противникот докажа дека и покрај возраста (38 години) се уште е во состојба да игра на врвно ниво. Конечниот резултат е 2-1 во сетови.

Првиот и третиот сет Ѓоковиќ ги доби на тај-брејк, додека Феререр во вториот беше поуспешен со 7:5. Вкупниот биланс во меѓусебните средби е 25:22 за Србинот.

Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз утре во 15 часот за противник ќе го има Русинот Карен Хачанов.