Loading Video...
Тенис
11. September 2021 - 13:56

Ѓоковиќ против Медведев во финалето на УС Опен

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев ќе се борат за трофејот на последниот гренд слем годинава УС Опен. 

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ одигра маратонски меч против Германецот, Александер Зверев што траеше 3 часа и 38 минути, а победа забележа Србинот со 3-2 по сетови 4-6, 6-2, 6-4, 4-6 и 6-2. 

Со тоа Ѓоковиќ се избори за своето 31-во Грен-слем финале со што го израмни рекордот на Роџер Федерер.

Воедно Ѓоковиќ доколку Ѓоковиќ утревечер триумфира во финалето, ќе стигне до нови два рекори. Имено ако победи ќе стане првиот тенисер кој ги освоил сите четири Грен-слем турнири во една календарска година по Род Лејвер на кој тоа му успеа во 1969 година, а ако ја освои својата 21-ва титула ќе ги надмине на вечната листа и големите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Сепак за тоа ќе се прашува и Русинот, Медведев кој игра во одлична форма, дпотврдувајќи го тоа со победата во полуфиналето над 

Оже Агуер-Алиасиме со 3-0 во сетови (6-4, 7-5 и 6-2).

Машкото финале на програмата е утревечер од 22 часот, термин во кој вечерва ќе се игра женскто финале, а во него ќе се сретнат двете сензационални финалистки, тинејџерките Лејла Ани Фернандез од Канада која неодамна наполни 19-години (73-та ВТА листа) и сеуште осумнаесет годишната Британка, Ема Радокану (150-ВТА листа).