Loading Video...
Тенис
9. February 2020 - 17:11

Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Трнава

 
 
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои ИТФ турнирот во словачкиот град Трнава што се игра за награден фонд од 25.000 долари,
 
Ѓорческа кој имаше импресивен настап се до финалето, во завршниот меч беше поразена од Софија Лансере
 
Русинката го доби двата сета, првиот со 6-2, а вториот со 6-3. 
 
И покрај поразот Ѓорческа остави одличен впечаток, па најверојатно веќе утре ќе го подобри својот пласман на новата ВТА листа.