Ѓорческа во првото коло на ВТА турнирот во Лимож
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го игра мечот од првото коло на ВТА турнирот во Лимож (тврда подлога) што се игра за награден фонд од 125.000 долари. Нејзина ривалка и е Марина Заневска од Белгија, која се наоѓа на 128 место на ВТА листата.
Нашата тенисерка и покрај поразот во еден од финалните мечеви од квалификациите како „среќен губитник“ по отказот на Арнча Рус доби шанса за настап на турнирот како тенисерка со највисок ранг од пријавените што не се пласирале.
Инаку, ова ќе биде втор меч меѓу Ѓорческа и Заневска, а првиот во септември годинава на ИТФ фјучрсот во Сент Мало го доби белгиската тенисерка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0). Почетокот на мечот е во 10 часот и ќе значи старт на денешната програма на која се предвидени да се играат седум мечеви.
По настапот во квалификациите на УС Опен ова е турнир со највисок ранг на кој учествува и македонската тенисерка.
Ново на Сител
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир