Балкан
28. April 2017 - 11:02

Ѓукановиќ: Црна Гора неповратно е на патот кон европскиот квалитетет живот

Црна Гора неповратно е на патот кон европскиот квалитетен живот и сведоштво на тоа е она што денеска ќе се случи во Цетиње, кога Собранието ќе го изгласа пристапувањето на земјата во НАТО, порача лидерот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) и поранешен премиер Мило Ѓукановиќ. 

- Ние не пристапуваме во НАТО за да војуваме, туку спротивното. Кога пробаа да не вовлечат во војна со целиот свет, како во 1999 година, ние бевме мудри и кажавме дека тоа не е наша војна и дека станува збор за привната војна, поради зачувување на позицијата на политичките структури во Белград. Ние се спротивставивме на таквиот застршувачки интерес. Војната не е наш интерес. Ние сакаме да го усвоиме европскиот систем на вредности, а европските држави го сочинуваат столбот на НАТО, нагласи Ѓукановиќ. 

Ѓукановиќ синоќа зборуваше за фактот дека Црна Гора многу стабилно и динамично се движи кон нејзината цел. 

- Можеме да бидеме задоволни бидејќи јасно покажавме дека оваа генерација која живее во Црна Гора има јасна визија, а тоа е да го преземе кормилото на нашата иднина во наши раце. Тоа го направивме со враќањето на државноста на Црна Гора, но тоа само по себе не е доволно. Ние сакавме незавиност со цел да го насочиме правецот на нашиот брод кон европската цел, истакна лидерот на ДПС. 

Ѓукановиќ наведе дека Црна Гора направила доволно долг чекор, со што денес со сигурност може да каже дека земјата не може да се враќа назад. 

- Црна Гора е неповратно на патот кон европскиот квалитетен живот и сведоштво за тоа е она што ќе се случи во Цетиње кога Собранието ќе го изгласа простапувањето на Подгорица во НАТО, наведе поранешниот црногорски премиер. 

Зборувајќи за црногорската позиција, која сака одлуката за пристапување кон Алијансата да се донесе на референдум, и поради тоа за денеска најави протести во Цетиње, Ѓукановиќ посебно потсети дека за црногорскиот опозициски Демократски фронт е кажано се при кампањата за парламентарните избори во земјата. 

- Тие ги издадоа црногорските интереси. Не се случило повалкано, поподмолно, побескрупулозно предавство во целата историја на Црна Гора, од ова. Што е најлошо, тие се горди со тоа. Порано предавниците се криеа, знаеа дека оставаат валкан печат од што нивното потомство тешко ќе се ослободи. Овие се фотографираа во Москва со руските претставници кои ни порачуваа дека ако Црна Гора тргне по патот кон западните интеграции ќе има дестабилизација и уништување, потенцираше Ѓукановиќ. 

Тој истакна дека црногорскиот Демократски фрод подготвувал терористички напад, братоубиствена војна, и поради тоа, претставува најтешкото предавство кој некој некогаш прабал да го направи на штета на интересите на Црна Гора. 

Собранието на Црна Гора денеска во Цетиње ќе одлучува за потврдување на членството на земјата во НАТО. 

За потврдување на оваа одлука потребно е просто мнозинство. 

Црногорските власти и опозицијата имаат различни ставови за тоа дали одлуката за членството на Црна Гора треба да биде донесена во Парламентот или на референдумот. 

Опозицијата бара референдум, додека властите сметаат дека тоа не е потребно. 

Поради тоа, за денеска во Цетиње е најавен протест на опозицијата против донесување на одлуката за членство во НАТО во Собранието.