Македонија
12. December 2019 - 12:30

Глас за Македонија: Ставот на БАН за македонскиот јазик е шовинистички и ненаучен

Глас за Македонија најостро реагира на шовинистичките и пред се ненаучни изјави на Бугарската Академија на Науките, која отворено го негира постоењето на македонскиот јазик.

Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин.

Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безбројни и стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници, лингвисти од целиот свет.

Глас за Македонија бара итен прекин на работата на мешовитата комисија, која има за цел да ја избрише македонската нација и македонскиот јазик. Овој штетен договор, секако не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува. Како таков, Глас за Македонија нема да го почитува.

Глас за Македонија