Македонија
21. November 2020 - 20:09

Главниот кризен штаб го изготви акцискиот план

Заврши состанокот на главниот кризен штаб во ЦУК.

По вчерашната одлука на Владата за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена итно беше свикан главниот штаб од страна на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. 

Како што беше најавено денес беше одржана и втората седница се донесе акцискиот план, притоа на основната верзија има одредени работи коишто се значајни.

- Ние ќе работиме можеби споредна улога во ситуацијава, која ќе биде многу значајна за јавноста и на јакнење на јавната свест за да граѓаните сфатат дека се работи за една опасна болест со тоа што ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор, кои ќе бидат определени од советот на Владата за соработка со невладини организации, изјави за Сител Ангелов.

Ангелов додава дека армијата ќе и асистира на МВР, но и ќе им помага и на здравствените установи онаму каде што е најпотребна. Во овој случај кога е прогласена кризна состојба армијата има право да презема одредени дејствија во делот на обезбедувањето.

- Акцискиот план треба да се разгледа од страна на управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов.