Глечер голем колку Лондон се отцепи од Антарктикот
Леден брег, чија големина стручњаците ја споредуваат со Лондон, со површина од 1.550 квадратни километри и дебел околу 150 метри, се отцепи и во мигов плови кај Антарктикот. Одвојувањето на глечерот од гребенот Брант настана по неколку пукнатини на огромна површина, а тој процес траеше неколку години.
Глечерот кој веројатно ќе го носи името „А-81“, се наоѓа во Веделовото Море, сѐ уште близу одвојувачката точка, потврдуваат научниците кои постојано ја следат состојбата. Тоа засега е најголема загриженост и опасност за колонијата пингвини коишто живеат во близина.
Ледениот гребен Брант беше најголемата ледена покривка последниве сто години, пред да почне да се топи.
Меѓутоа, научниците не го поврзуваат последното отцепување со климатските промени и глобалното затоплување, туку оваа појава ја сметаат за редовен природен процес.
Ново на Сител
-
Македонците консумираат најмалку месо во Европа
-
Најмалку 12 лица загинаа во пожар на траект на Филипините , седум се водат за исчезнати
-
Курти: Потребна ни и е брза и коректна примена на договорот со Србија
-
Израел истрела ракети околу Дамаск, повредени двајца војници
-
Во Чиле регистриран прв случај на птичји грип кај човек
-
Во кутии со банани пронајдени 1,2 тони кокаин
-
Ѓукановиќ: Уверен сум дека ќе победам на изборите, без оглед на излезноста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дивоградба хациенда од 160 м2 се поврзува со Груби, обвинителството сериозно да се позанимава со овој човек