Loading Video...
Фудбал
2. September 2018 - 19:11

Гол на Костадинов, асистенции на Барди и Ристовски

Нашите интернационалци  имаа забележлива улога на меѓународната фудбалска сцена.  Некои се запишаа во листата на стрелците а беа забележани и убави асистенции.

 

Младиот репрезентативец на Македонија Тихомир Костадинов остави печат на победата на својот Ружомберок  против Сеница од 4-0.

                Костадинов се запиша во листата на стрелците уште во првата минута и ја навести победата на својот тим.  Ова е неговиот прв погодок во првенството на Словачка.

                Тешка победа извојува Спортинг од 1-0 во дуелот со Фарензе.  Голот беше постигнат во 87м по одличната акција на Нани и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој прекрасно асистираше кон Кабрал кој биеше неодбранливо за трета победа на Спортинг во првенството по 4. Одиграни кола.

                Во градското дерби Леванте и Валенсија играа 2-2 во рамките на шпанското првенство.

                Леванте најави победа по маестралната асистенција на Енис Барди во 33. Минута која знаеше да ја искористи Марти Салвадор за водство на Леванте од 2-1 но до крајот на средбата Парехо од пенал ја спаси Валенсија од пораз.