Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2019 - 15:40

Голд Куп: Костарика и Хаити се пласираа во четвртфиналето

 
 
Репрезентациите на Костарика и Хаити обезбедија пласман во четвртфиналето на „Голд Купот“, односно фудбалскиот шампионат на Северна и Централна Америка. 
 
Во дуелите од 2.коло од Б групата, одиграни ноќеска Костарика ја совлада селекцијата на Бермудските Острови со 2:1, додека Хаити со 2:0 славеше над Никарагва. 
 
Претходно пласман во четвртфиналето обезбеди Мексико кој има максимални шест бода по двете одиграни кола во А групата.