Фудбал
20. July 2017 - 12:22

Голд куп: Познато првото полуфинале

Фудбалските репрезентации на САД и Костарика ја формираа првата полуфинална двојка на Голд купот, кој се одржува во САД.
 
Првите четвртфинални натпревари на Голд купот се одиграа на стадионот во Филаделфија, прво Костарика ја совлада Панама со 1:0, а потоа САД славеа во дуелот со Салвадор 2:0.
 
Костарика до минималната победа над Панама дојде со голот на Анибал Годој постигнат во 77. минута.
https://