Балкан
6. August 2017 - 9:37

Голем пожар на грчкиот остров

Силен пожар беснее на грчкиот остров Китира каде властите наредија евакуација на две села.

Пожарот избувнал во петокот, но бил изгаснат. Од синоќа тој е повторно активен како резултат на силниот ветар, јавуваат грчки медиуми.

Властите прогласија вонредна состојба на островот што се наоѓа југоисточно од Пелопонез и сверно од Крит. Медиумите во Атина јавуваат дека на островот се упатени и дополнително пожарникари од други региони во Грција.