Loading Video...
Фудбал
11. October 2019 - 11:47

Голема победа во трка за второто место

 
Две пред празнични победи и тоа идентични со 2:1, остварија македонските фудбалери во квалификациите за ЕП.
 
Најдобрата селекција ја победи Словенија во мечот пд 7.коло во квалификациската Г група.
 
Двоен стрелец на црвено-жолтите беше Елиф Елмас кој и во првиот дел ја затресе мрежата на Словенците, но голот беше поништен поради офсајд.
 
За оваа победа ФФМ на играчите ќе им подели премија во износ од 100.000 евра
 
Со новите три бода и вкупно 11, колку што има и Словенија, репрезентацијата ба Македонија се проби на 3.место на табелата. 
 
Пред нас се Австрија со 13, која синоќа го победи Израел со 3:1, како и лидерот Полска која по вчерашната победа над Летонија на гости (3:0), сега има 16 бодови. 
 
Токму Полјаците се следниот противник на Македонија и тоа веќе во недела во мечот кој ќе се игра во Варшава со почеток од 20:45 часот.