Македонија
1. November 2022 - 19:54

Голема полициска акција вечерва, запленета дрога вредна над 250.000 евра

Голема полициска акција вечерва, запленета дрога вредна над 250.000 евра.           

Во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, при што е пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра, дознаваме од полициски извори. 

Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец.

Од МВР само потврдуваат дека е во тек полициска акција и детали најавуваат за утрешниот ден, по завршување на акцијата.

 

Иван Кузмановски