Балкан
11. May 2017 - 8:43

Големи штети предизвика градот во северна Грција

Над 30 илади декари насади настрадаа од градот, кој падна во регионот на Дидимотихо и Орестиада во северна Грција, јави АНА-МПА.

Според властите на областа Еврос невремето нанело сериозни штети на насадите со памук и сончоглед.

Властите во следните две недели треба да ги проценат штетите.

Градот паѓал 20 минути и бил проследен со урагански ветер.