Бизнис
21. May 2020 - 19:57

Големите инвеститори се жалат дека мерките на Владата не се добри за нив

Владината помош не е погодна за големите компании. Германските инвеститори во земјава велат дека условите кои треба да се исполнат за да се аплицира за помошта повеќе одговараат за малите и средните фирми, но за големите компании какви што се германските во земјава се тешки. За компаниите кои вработуваат многу луѓе потребни се пофлексибилни услови. Задржување на ист број работници со преполовено производствто е проблем за нив.

Странските компании во земјава главно произведуваат делови за германската автомобилска индустрија. Дел од нив во еден период целосно пркекинаа со производство, а сега се обидуваат да го рестартираат. Но процесот ќе оди бавно. Причината е едноставна, короната ги исплаши луѓето и тие сега повеќе сакаат да чуваат пари отколку да купуваат нови автомобили.

Германија како главен трговски партнер на Македонија веќе е во рецесија. Во првите три месеци БДП се намалил за 2,2%. Но, најлошите вести допрва се очекуваат. За вториот квартал прогнозите се дека германската економија ќе се намали за над 18% што е најмногу од постоењето на денешната Сојузна Република Германија.