Фудбал
12. May 2016 - 15:43

Гонзало Игуаин постави рекорд во Срија А

 
]Аргентинецот Гонзало Игуаин влезе во историјата на италијанскиот фудбал.
 
Напаѓачот на Наполи со постигнати 33 гола во Серија А годинава, е најдобро стрелец во Калчо лигата во овој век. 
 
Единствениот кој досега имал 30 и повеќче постигнати голови во една сезона во 21- век е Лука Тони, кој во дресот на Фиорентина во сезоната 2005/2006 постигна 31 гол.
 
Доколку Игуаин во последното коло против веќе отпишаниот Фросиноне успее да забелечи не хет-трик, односно да постигне три гола, тогаш аргентинскиот ас ќе го израмни рекордот на Џино Росети, кој постигнач 36 гола за Торино во далечната сезона 1928/1929 година. 
 
Како и да е, Игуаин сезонава веќе стана рекордер, со оглед на тоа дека на 24 различни натпревари успеа да се запише во листата на стрелците. Никој претходно во историјата на Серија А не успела на толку натпревари во една сезона да постигнува голови.