Македонија
20. July 2018 - 15:10

Гореше автомобил среде паркинг во Куманово

Гореше автомобил во Куманово, полицијата работи на расветлување на случајот. Според информациите на МВР, утрово во 4:35 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ на паркинг просторот од страна на непознато лице било извршено опожарување на патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистерски таблици сопственост на М.Т.(25) од Куманово при што била опожарена предната лева страна на возилото. Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот бил изгаснат.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.